Учество на конференции

Претставнички од групата учествуваа на конференцијата „Заштита на квалитет на традиционални производи“ организирана од Slow food Македонија, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. На конеференцијата се дискутираше за ЗОП (заштитена ознака на потеклото) како алатка за додадена вредност на квалитет на производите, националната регулатива и нејзината примена во пракса. Конференцијата им овозможи на учесниците да се стекнат со теоретски знаења, да разменат искуства, да дебатираат и да формираат платформа за долготрајна соработка.