Супа од праз

Состојки: два страка праз, масло, зачин, црн пипер, леб, кашкавал и сирење и кисели сливи.

Подготовка: На масло испржете го празот ситно исечкан, додадете една лажица брашно. Потоа налејте литар и пол врела вода и оставете да се вари. Ставете ги зачините. Во Крушево оваа супа ја викаат и кисела супа со праз од две причини, во подготвката се ставаат неколку кисели сливки и истата се послужува со вински оцет.