Слатко од аронија

Слаткото од аронија се произведува од аронија одгледана во домашни садници кои се чуваат во подножјето на Крушево, на органска почва, непрскани и без никакви хеимски третмани. Аронијата ие вистинска витаминска бомба, содржи витамини А, Ц, Д, Б, Е, Бетакаротен, како и еден од најретките витамини, витаминот П. Аронијата е рудник на минерали како калциум, калај, железо, манган, молибден, јод и фосфор. Зрелите плодови на аронија содржат биофеноли кои го забрзуваат зараснувањето на раните како и големо количество каротен кој ги штити клетките од оптетување и очите од катаракта. Влијае на подобрување на функцијата на панкреасот и излачувањето на жолчката. Некои истражувања докажале дека аронијата го забрзува процесот на излачување тешки метали од телото.

 

Zaharina HristoskaЗахарина Христоска