На 26 јули во Крушево се одржа саемот на домашни, традиционални и еколошки производи, завршен настан од проектот што се спроведуваше една година. На саемот, жените учеснички во проектот ги претставија своите производи, а посетителите имаа можност да уживаат и дегустираат домашни тестенини, еколошки џемови, сирупи, природни чаеви и единствената Крушевска пита. Љубителите на кулинарството пак, имаа можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита, а останатите љубители на традиционалните вредности да уживаат во манифестацијата Крушево Етно град. Со посетата на саемот беше поддржана нашата визија за економско јакнење на жените. Целокупната галерија од овој настан може да ја разгледате на следниот линк https://www.facebook.com/media/set/?set=a.481702335339028.1073741895.111177839058148&type=3
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|