Питуроње

Потребно е: тесто од 1кг брашно, вода, малку масло и сол. Тестото да биде меко. Претходно се вари 500гр грав, да биде убаво сварен и да остане зрнест. Се става сол по вкус.

Од тестото се делат 12 топчиња – да бидат исти. Секое топче се сука во кора, тенка, и се потпекува на шпорет на дрва од двете страни. Корите потпечени се редат во поголема тава подмачкана со масло. Се реди ред кора, се попрскува со масло целата и се распоредува варениот грав. Постапката се повторува со сите кори и на крајот горната кора малку се набрува и се сечи на коцки и убаво се намрсува и се потура со 1 чаша кисела вода. Се печи на 200 степени.