Питулици со лук

Состојки: 300гр брашно, 200мл минерална вода, 200мл масло, 1 кафена лажица сол, 1 главица лук и 150гр ореви.

Се прави тесто како за палачинки, малку погусто, и се пржат на питуличарник (или на нелепливо тавче).  Во аван се толчи лукчето со сол и се прелива со врела вода. Се редат ред питулици, се прска со масло, се мачка со подготвената смеса со лук и се посипуваат со ситно сецкани ореви. Се сече на осминки и се прелива со останатата течност од лук и вода.