На 18 и 19 октомври 2014 година, во Крушево, се одржа обука за производство на традиционални производи. Преку теоретски и практични примери, учесничките на обуката беа воведени во основите за производство на традиционални производи. Теоретскиот дел го водеше тимот на МАТА – Macedonian Artisan Trade Association, а Ани Костадинова од Здружението на граѓани ЕКО РОСАЛЕ – Богданци и Санела Шкријељ од Здружение на граѓани за локален и рурален развој ги претставија своите успешни приказни од производството на традиционални производи.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |