Мармаладот е направен од шипки собрани од средина на висока надморска височина, чиста планинска околина и чист воздух. Се произведува на домашен традиционален начин и се вари на оган на дрва. Процедурата за производство на мармаладот е долга и карактеристична. Шипките содржат ситни влакненца, за да се добие хомогена смеса потребно е да се варат, пасираат и прецедуваат низ различни сита повеќе пати.
![]() |
![]() |
![]() |