Крушевски колбас

Традиционалниот и надалеку прочуен крушевски колбас се приготвува на стандарден начин, но посебниот вкус, според крушевчани, го даваат мирудиите. Колбасите се приготвуваат од свинско и телешко месо, кое треба да биде крупно мелено или ситно дробено, и се додава праз, лута буковска сол, суви зачински тревки, црн бибер и сол.