Крушевска пита

Состојки за тесто: 200мл вода, 100мл масло, 1 кафена лажица сол, 1 јајце, 600гр брашно. Состојки за фил: 300гр сирење (по желба може праз или месо), 4 јајца, 200мл млеко, 1 маргарин за премачкување.

Се замесува тесто од сите состојки и се дели на 14 топчиња, кои се делат на две места по седум. Секое топче се расукува во кора и се премачкува со маргарин. Една на друга се редат седумте кори, па добиениот куп се расукува во една голема кора. Горе се тура подготвениот фил. На крај се покрива со втората кора, направена по истиот принцип како првата. Питата се пече на 200-250 степени околу 15 минути и се служи со јогурт или кисело млеко.