Влашка пита

Состојки за тесто: 1кг брашно, 500мл млеко, 1 филџан масло, 125гр маргарин, 2 јајца, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 1 квасец.

Состојки за фил: 5-6 страка праз, 250гр урда, 1 јајце и сусам.

Во длабок сад се става млекото (млако) шекер, сол, квасец, масло и јајца и убаво се промешува. Потоа се додаваат 10 лажици брашно и се остава да отстои 5-10мин. Се додава преостанатото брашно и се замесува тесто (може и повеќе брашно зависи од острината на брашното).Тестото се дели на 3 дела.Од секој дел се расукува кора и се премачкува со маргарин. Потоа кората се преклопува неколку пати за да се добие лиснато тесто истото се прави со останатите 2 дела и се става во фрижидер 30 мин. Потоа од секое се сука кора со големината на плехот во кој ќе се пече и се става од предходно испржениот праз измешан со урдата.Истата постапка и за другите кори на последната одозгора се премачкува со јајце и се наросува сусам. Тестото се сече на лети широки 2мм и се виткаат во спирала и се редат на подмачканиот плех, се оставаат да одморат 30 мин и се печат на 200 степени 25-30 мин.