Алва со гриз

Состојки: 1 чаша масло, 2 чаши шеќер, 3 чаши гриз, 4 чаши вода, половина чаша суво грозје 250гр ореви, цимет и кора од портокал.
Подготовка: Во длабок сад се загрева маслото и во него се пржи гризот додека не стане светло кафеав. Се меша со дрвена лажица. Садот се трга од оган и се покрива со влажна крпа. Потоа се подготвува шербетот: Водата се врие со шеќер, се додава кора од портокал и цимет и се остава малку да поврие дури шербетот да стане густ. Потоа шербетот се додава во гризот, се додава исецканиот орев и сувото грозје и се вари сè додека водата потполно не испари и додека не стане тешко за мешање. Алвата е готова кога паѓа од дрвената лажица. Алвата се става во калап или во длабоко тавче и се остава убаво да се излади.